Сипаници, оставки и руска нафта

МАКЕДОНИЈА - Доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје информираше дека се регистрирани 105 нови случаи на морбили, од кои 49 во Скопје, а 56 во другите градови низ државата.

МАКЕДОНИЈА - Пратеникот Павле Богоевски понесе оставка од функцијата за време на комисиската расправа за одземање на мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски. Богоевски порача дека донела таква долука, бидејќи го почитува гласот на јавноста.

САД - Привремената референца во Обединетите нации воопшто не беше име на земјата. Тоа беше времена референца во очекување на име. Тоа ви е како јас и сопругата да добиеме дете и во болница да му напишат синот на г-дин и г-ѓа Нимиц, изјавил за референцата ФИРОМ, поранешниот посредник о преговорите за името, Метју Нимиц.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британија разменила информации за руски сајбер активности со 16 земји членки на НАТО, помогнувајќи им против заканите врз нив во изминатава година ипол.

БЕЛГИЈА - Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент. На претходните избори во 2014 година одѕивот беше 40 насто, односно гласаа над 168 милиони луѓе.

УКРАИНА - Декретот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за распуштање на Парламентот стапи на сила. Составот на новиот законодавен дом ќе биде избран на 21 јули за кога се закажани парламентарните избори.

БЕЛОРУСИЈА - Белорускиот претседател Александар Лукашенко предложи отворање на разговори со Казахстан за можна испорака на нафта во Белорусија. Русија го прекина протокот на нафта преку рускиот гасовод Дружба поради контаминација што предизвика удар на светскиот пазар.