Кабинет на Пендаровски: Муслиу е врвен професионалец

Агенција за разузнавање

Претседателот Стево Пендаровски ја донел одлуката за именување на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање, по анализа на неколку имиња, соопштија од неговиот кабинет. Името на Муслиу, како што наведуваат од кабинетот, се издвоило како решение за извршување на оваа одговорна функција.

„Станува збор за врвен професионалец кој својата кариера ја градел во земјава и имал беспрекорна соработка со службите од сите сојузнички држави. За именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање беа известени и партнерските служби од земјите членки на НАТО. Именувањето на Муслиу е позитивно оценето од службите на сојузничките земји“, посочуваат за МИА од кабинетот на претседателот.

Од ДУИ денеска изразија несогласување со назначувањето на Муслиу на функцијата.