Времето денеска: претпладне соччево, попладне променливо

Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови. Утринската температура ќе биде од 4 до 12, а дневната од 16 до 28 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 8, а дневната ќе достигне до 24 степени.