Курц вети „стабилност“ по корупцискиот скандал

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Австрискиот конзервативен канцелар Себастијан Курц изјави дека ќе направи сè за да обезбеди стабилност во наредните месеци. Претходно беше објавено дека сите министри од екстремно десничарската Слободарска партија поднесуваат оставка поради корупцискиот скандал што ја потресе земјата.