Украинскиот премиер ја најави својата оставка

Украинскиот премиер Володимир Хројсман

Украинскиот премиер Володимир Хројсман објави дека ќе поднесе оставка.Во телевизиска изјава тој соопшти дека ќе се повлече на следниот владин состанок на 22 мај. Неговата најава е неколку часа откако Володимир Зеленски положи свечена заклетва како претседател и објави дека ќе го распушти парламентот и ќе одржи нови избори во рок од два месеци.

Храјсман, кој е член на блокот на Петро Поршенко, рече дека ќе се натпреварува на следните парламентарни избори. Тој е премиер од април 2016 година, а претходно беше претседател на парламентот.

Неговата оставка следува по примерот на двајца други членови на кабинетот, чии оставки беа побарани од Зеленски - министерот за одбрана, Степан Полторак, и шефот на безбедносната служба, Васил Храјцак. И двајцата денеска поднесоа оставка од своите функции.