Шведското обвинителство поднесе барање за апсење на Асанж

Заменичката на главниот обвинител Ева Мари Персон

Шведското обвинителство поднесе барање за апсење на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж откако повторно беше отворена истрагата за против него. Заменичката на главниот обвинител Ева Мари Персон изјави дека бараат од судот да го приведе Асанж во негово отсуство, поради основана причина за сомневање за силување.

Барањето за повторно отворање на истрагата го поднесе адвокатката Елизабет Фриц која ја застапува жената која тврди дека е силувана од Асанж за време на неговата посета на Шведска во 2010 година. Асанж во моментов отслужува затворска казна од 50 недели во Британија.