Пендаровски и Џафери: Парламентот значаен за реализација на реформите

Претседателот Стево Пендаровски се обраќа пред Собранието

Шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба го посочиле значењето на законодавниот дом во реализацијата на реформската агенда и во остварувањето на интересите на државава на меѓународен план.

Двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, ја истакнале важноста сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети кон реализација на следниот важен чекор во европската интеграција на земјата, одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Тие се договориле и за натамошна поблиска координација на двете институции во корист на граѓаните и во интерес на државата.