Трајковски поднесе оставка од Агенцијата за заштита на лични податоци

Горан Трајковски

Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски поднесе оставка од функцијата. Трајковски во дописот до Собранието, кој бил доставен во петок наведува дека оставката е поради лични причини. Трајковски функцијата ја извршување од 2016 година, а претходно беше директор на Управата за јавни приходи.