Медиумите до утре треба да поднесат извештај за рекламите за избори

Илустрација

Од ДИК денеска соопштија дека согласно Изборниот законик и Роковникот за Претседателските избори 2019 година најдоцна до утре радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми се должни да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по тој основ.

Извештајот се поднесува до Министерството за финансии, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупција, кои се должни да ги објават на своите интернет страници.