Трамп претстави план со кој се фаворизираат талентирани имигранти

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави неговиот имиграциски план кој предвидува фаворизирање талентирани, „брилијантни“ имигранти со изразени вештини и знаења. Според него, постојните имиграциски закони во САД ги „дискриминираат генијалците и исклучитечните луѓе“ бидејќи најмногу дозволи за доселување во САД, таканаречените „зелени дозволи“ им се даваат на ниско квалификуваните лица. Со новиот план се предвидува САД и натаму да доделуваат ист број зелени картони како и досега, но значително повеќе на исклучителни студенти, професионалци и високо образовани луѓе. Сепак, според оценките, мали се шансите овој план да биде усвоен во Конгресот.