Времето денеска: облачно и нестабилно

Ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 4 до 11, а дневната од 11 до 21 степен. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 9, а дневната ќе достигне до 18 степени.