Киријата на Иванов и блокираните хаштази на антиваксерите

МАКЕДОНИЈА - По информациите во дел од медиумите во врска со месечниот надомест кој државата ќе го плаќа за кирија за канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, соопштение до јавноста испратија од компанијата Турмак АД - Подружница Скопје, во кое се вели дека месечниот закуп за канцеларијата на поранешниот претседател ЃорЃе Иванов со површина од 274м2 во Џевахир Скај Сити изнесува 1950 евра.

МАКЕДОНИЈА - По разните информации во медумите зошто премиерот Зоран Заев не присуствувал на инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски, со образложение се јави и премиерот: И јас имам право на одмор.

МАКЕДОНИЈА - Министерот за образование и наука Арбер Адеми изјави дека се разгледуваат сите опции за упис во основно училиште на невакцинираните деца, а притоа да се запазат законите и јавното здравје. Една од опциите е да се примат децата во училиште, а потоа да се направи теренска вакција на невакцинираните.

САД - Компанијата Фејсбук соопшти дека во пресрет на парламентарните избори во ЕУ, затвориле неколку италијански профили кои биле лажни и неколку страници кои ширеле лажни вести.

ШВЕДСКА - Шведска повторно го отвори случајот против основачот на Викиликс Џулијан Асанж за силување, објави заменичката-директорка на Шведското Обвинителство, Ева Мари Персон.

СИРИЈА - Британија, Франција и Германија повикаа да се стави крај на воената ескалација во западна Сирија и изразија загриженост за неодамнешното насилство при кое загинаа повеќе од 120 цивили.

ИЗРАЕЛ / ПАЛЕСТИНА - Николај Младенов, специјалниот пратеник на ОН за Блискиот исток, изјави дека сега е последна шанса за да се спречи целосен судир меѓу Израел и палестинските екстремисти во Појасот Газа.

АВГАНИСТАН - Мисијата за помош на ОН во Авганистан изрази сериозна загриженост за влијанието на зголеменото насилство во земјата врз цивилите за време на празнувањето на Рамазан. Мисијата ги осуди нападите на талибанците кои, како што соопштија, намерно таргетирале цивили.

САД - Инстаграм соопшти дека ќе блокира хаштагови кои се употребуваат за ширење на потврдено неточни информации поврзани во вакцини, објави Би-Би-Си. Едден од блокираните хаштагови е #vaccinescauseautism (#вакцинетепредизвикуваатаутизам).