Пендаровски на средба со Жбогар, упати пораки за помирување

Новиот претседател Стево Пендаровски се обраќа пред Собранието

Новиот претседател Стево Пендаровски денеска во „Вила Водно“ ќе има средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самоел Жбогар. Тој на првиот работен ден на Фејсбук упати пораки за граѓанско помирување и залекување на отворените рани од скорешното минато.

„Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го започнеме граѓанското помирување, затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, не водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг. Сите добронамерни луѓе, политичари и партии што ќе решат да одат по истиот тој пат ќе ја имаат мојата поддршка“, порача Пендаровски на Фејсбук.