Во Црна Гора денеска пресуда за обидот за пуч во 2016 година

Бранка Милиќ, еднa од осомничените во судењето за обидот за пуч

Во Црна Гора денеска се очекува да биде изречена пресуда против 14 лица обвинети дека планирале насилно соборување на власта во октомври 2016 година. Црногорските власти соопштија дека тие имале план да го окупираат парламентот за време на парламентарните избори, да го убијат тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ и да инсталираат проруско раководство. Меѓу обвинитетите се деветмина Срби, тројца Црногорци и двајца Руси. Официјална Москва ги отфрли обвинувањата дека „руски државни тела“ биле инволвирани во заговорот. Црна Гора во јуни 2017 година стана 29 членка на НАТО.