Во сите 265 избирачки места во Тетовско гласањето се одвива непречено

Во сите општински изборни комисии во тетовскиот регион точно во 7 часот е започнато гласањето во рамки на вториот круг од претседателските избори и не се забележани проблеми или недостатоци. Во шесте општини има вкупно 265 избирачки места на кои можност за гласање ќе имаат вкупно 181.933 граѓани со право на глас.

Општина Тетово има најмногу, 83.367 гласачи распределени на 117 избирачки места. Во првиот круг гласаа 24.616 граѓани, или излезност од 29, 48%. Иако е најмала по жители од руралните општини, во Јегуновце во првиот круг имаше најголема излезност при што гласаа 3744 или 36.80% од регистрирани 10.171 гласач на 21 избирачко место.

Теарце брои 22.116 гласачи и 30 избирачки места, а во првиот круг гласале 5.777 граѓани. Во Боговиње има 27.501 гласачи и 38 избирачки места, додека во првиот круг гласаа 5.160 жители. Општинска изборна комисија Желино има 23.510 гласачки листиња, со 35 избирачки места, кадево првиот круг гласаа 4.172 лица. Во Брвеница на 24 избирачки места каде ќе може да гласаат 15.268 граѓани, а во првиот круг гласаа 4967 лица.

За разлика од првиот изборен ден кога беше сончево, денеска во Тетово е врнежливо.