Македонска прослава, руска агентка, украинска сопруга...

МАКЕДОНИЈА - Во Музејот за современа уметност се одржа традиционалната прослава по повод Денот на МНР - 29 април. Годинешната јубилејна прослава ја одбележа 50-годишнината од формирањето на Бирото за односи со странство во 1969 година, претходник на современото Министерство за надворешни работи.

МАКЕДОНИЈА - Државната комисија за спречување на корупција отворила два предмети против актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

МАКЕДОНИЈА - Докторот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје информираше дека десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели било на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници.

МАКЕДОНИЈА / САД - Висок претставник на НАТО демантираше дека Алијансата ќе го модернизира воениот полигон Криволак. Криволак останува национална база, реагираа од НАТО.

САД - Американскиот државен секретар Мајк Помпео на 7 мај ќе го посети Берлин, при што е предвидено да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Хајко Мас, соопшти Стејт департментот.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Резултатите од локалните избори покажаа дека Велика Британија мора да продолжи со процесот излегување од Европска Унија, изјави британската премиерка Тереза Меј.

РУСИЈА - Руската амбасада во САД испратила протестна нота до американскиот Стејт департмент поради пресудата на американскиот суд во случајот на Русинката Марија Бутина, која призна дека работела како руски агент во САД.

УКРАИНА - Сопругата на новоизбраниот украински претседател Володимир Зеленски купила луксузен стан по поволни услови од бизнис тајкунот Олександар Буријак, јави Ројтерс. Олена Зеленска купила трособен стан на Крим во април 2013 година за околу 150 илјади евра, што е под пазарната вредност. Не е јасно зошто сопругата на украинскиот претседател добила толку поволна цена.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Полицијата затвори дел од Манчестер откако беше забележан сомнителен пакет, соопшти британската полиција, пренесоа британските медиуми и светските новински агенции. Во врска со случајот бил приведен 26-годишен маж.

САД - Фејсбук се соочува со притисок да се справи со омразата и нетрпеливоста од страна на екстремно десничарските американски политичари за прекршување на забраната за опасни поединци, соопшти социјалната мрежа. Меѓу профилите кои се отстранети е и профилот на Алекс Џонс и неговата интернет страница Infowars која често објавува теории на заговор.