Последен ден кампања, од полноќ изборен молк

Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова на централните митинзи

Кампањата на двајцата кандидати за претседател Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски завршува денеска, а од полноќ започнува изборниот молк.

Вториот круг од изборите се одржува в недела на 5 мај, а право на глас имаат 1.808.131 избирач. За претседател ќе биде избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.