Во Венецуела наредено апсење на опозиционерот Лопес

Николас Мадуро

Врховниот суд на Венецуела издаде налог за апсење на истакнатиот опозициски активист Леополд Лопес, кој се преселил во амбасадата на Шпанија во Каракас, откако му се приклучи на обидот за соборување на социјалистичкиот претседател на земјата Николас Мадуро. Лопес досега беше во домашен притвор. Вчера американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „бруталната репресија“ врз народот во Венецуела мора да заврши што побргу. Опозицискиот лидер Хуан Гваидо кој САД и околу 50 други држави го признаа за привремен претседател се обидува да го собори од власт Мадуро.