Шефот на Пентагон го откажа патувањето во Европа поради Венецуела

Патрик Шанахан

Американскиот државен секретар за одбрана Патрик Шанахан ја откажа планираната посета на Европа, а неговиот портпарол Џо Бучино како причина за тоа ја наведе кризата во Венецуела и ситуацијата долж границата со САД и Мексико, објави АП.

Според истите извори Шанахан одлучил да остане во Вашингтон за да се координираат Советот за национална безбедност и Стејт департментот околу идните потези во врска со кризата во Венецуела и границата со Мексико, каде што Армијата му помага на Одделот за внатрешна безбедност да се справи со миграционата криза.

Пентагон, засега, нема активна улога во настаните во Венецуела. Изјавата на Бучино следува по само три часа откако беше објавено дека Шанхах ќе отпатува за Германија, Белгија и Англија. Шанахан требаше во Германија и Белгија да присуствува на примопредавањето на командата во Европската команда на силите на САД и НАТО во Европа.