Заев очекува позитивна одлука за почеток на преговорите со ЕУ

Зоран Заев

„Меркел и Макрон ја гледаат земјава како Република Северна Македонија, а не како Западен Балкан. На конференцијата на шефови на држави и влади во Берлин бевме пример што блеска, а германската канцеларка и францускиот претседател препорачаа да им помогнеме на другите, да го споделиме нашето искуство околу тоа како се успева во преговарачки процес. Секој од учесниците ја почнуваше и завршуваше дискусијата со Преспанскиот договор", рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања по редовната седница на Економско-социјалниот совет во Владата.

Заев уште еднаш повтори дека очекува позитивна одлука за почеток на преговорите ова лето, во јуни или јули, особено зашто сите четири услови кои биле од нас побарани, се веќе спроведени. Сепак, како што истакна, освен Преспанскиот договор и реформите, треба
да се постигне уште дијалог и консензус во Собранието за носењето на законот за јавно обвнителство.

Од Берлин, како што напомена, се вратил со уште поголем оптимизам бидејќи и оние земји кои биле резервирани, го охрабриле. Тие, според премиерот, ќе си го кажат своето кога ќе дојде време.