Напредок во преговорите за Брегзит меѓу власта и опозицијата

Илустрација за Брегзит на улиците низ Лондон

Британската власт покажала подготвеност за можноста од промени на нејзината позиција за Брегзит, соопшти Лабуристичката партија по разговорите меѓу министрите и опозициската партија во обидот за изнаоѓање компромис за напуштањето на земјата од ЕУ. Според соопштението, партијата се уште треба да го увиди нивото до кое властите се подготвени да ја сменат својата позиција во однос на прашањата како што се царините, усогласувањето на пазарот и безбедноста.

Британската премиерка Тереза Меј пред два дена имаше средба со лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин за изнаоѓање на компромис со цел неговата партија да го поддржи нејзиниот план за Брегзит во Парламентот.