Полицијата со солзавец против демонстрантите во Париз

Учесници на денешните протести во Париз

Француската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите во централен Париз кои по повод 1 мај-Ден на трудот протестираа против политиките на претседателот Емануел Макрон.

Таканаречените „Жолти елеци“ излегоа на улиците по неколку дена откако Макрон предложи намалување на даноците за околу 5 милијарди евра. Некои од демонстрантите кои носеле качулки фрлале предмети кон полицијата, при што биле оштетени и возила.