Ердоган го осуди обидот за пуч во Венецуела

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди обидот за државен удар на венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо кој изјави дека ја добил поддршката од војската против претседателот Николас Мадуро. Ердоган му е сигурен сојузник на Мадуро кој беше првиот странски лидер што му изрази поддршка по неуспешниот пуч во Турција во 2016 година. „Изборите се пресудни во демократиите“, напиша Ердоган на Твитер.