ВМРО-ДПМНЕ со кривична пријава за гласањето во Зајас

Седиштето на ВМРО- ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека поднесуваат кривична пријава до Јавно Обвинителство, против сите десет членови на избирачкиот одбор на гласачкото место 0816 во Зајас, Кичево. Од опозициската партија наведуваат дека, според извештајот на ДИК во гласачкото место во периодот од 15 до 17 часот гласале вкупно 297 лица или три пати повеќе од бројот на лица кои гласале до 15 часот. Од партијата наведуваат дека произлегува оти за два часа успеале да гласаат 297 избирачи или во просек на секои 24 секунди гласал по еден гласач.

Дополнително, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на гласањето е утврдено дека во посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место се потпишани 412 лица, односно 4 помалку отколку што имало ливчиња во гласачката кутија.

Од СДСМ пак реагираа дека е факт оти Гордана Сиљановска – Давкова загубила во првиот круг на кристално чисти, фер и слободни претседателски избори.