Премиерот Заев на средба со Меркел и Макрон во Берлин

Ангела Меркел и Зоран Заев

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе се сретне со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларката на Германија Ангела Меркел, во рамките на отворените средби на Берлинската конференција за Западен Балкан, чии покровители се Франција и Германија. Според агендата на германската влада, на конференцијата ќе присуствува и високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.