Убиени роднини на главниот осомничен за нападите во Шри Ланка

Таткото и двајцата браќа на Захран Хашим осомничениот за организирање на нападите во Шри Ланка загинаа при последната полициска рација, соопштија денеска полициски извори и роднини на загинатите.

Станува збор за Заине, рилван и Мохамед Хашим кој беа меѓу 15-те загинати по рацијата што ја спроведе полицијата пред два дена во скривалиштето на милитантите кои беа осомничени за нападите на католичкиот Велигден во Шри Ланка.Захран Хашим е осомничен дека е главниот организатор на бомбашките напади врз цркви и хотели во кои загинаа над 250 луѓе.

На социјалните медиуми деновиве се појавија и видеа во кои Заин и Рилван Хашим и нивниот татко Мухамед,повикуваат војна против неверниците.