Временска прогноза- сончево и топло време

Времето денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во источните делови на државата може да се очекува и делумно нестабилно време со појава на засилен ветер. Од понеделник ќе има благ пад на дневните температури, а од вторник метеоролозите најавуваат и нови врнежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 28 степени Целзиусови.