Украинците од источниот дел полесно до руско државјанство

Архивска фотографија- Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ja потпиша одлуката со која се поедноставува процедурата за луѓето кои живеат во делови од источна Украина кои се под контрола на руските сепаратисти да добијат руско државјанство. Одлуката која се очекува да биде критикувана од украинската и од владите во западните земји е објавена денеска на официјалната интернет страница на Кремљ. Ваквиот развој на настаните следува и откако ново избраниот украински претседател ја отвори можноста за промени во нарушените односи меѓу двете земји во последниве пет години откако Русија го анектираше Крим и ги поддржа силите кои држат под контрола делови во украинските региони Донетск и Луганск.