Вучиќ во посета на Кина

Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ од денеска до 27 април во посета на Кина во текот на која ќе учествува на Вториот форум за меѓународна соработка Појас и пат. Тој, како што е најавено во Белград, ќе се состане и со претседателите на Кина и на Русија Си Џинпинг и Владимир Путин.