Скопје, Москва, Пјонгјанг...

МАКЕДОНИЈА - Бесир Беља и Скендер Демири добија по 19 години затвор за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски Саздо кој беше претепан лани по што почина. Пресудата на обвинетите во Кривичниот суд им ја изрече судијката Даниела Алексовска Стојановска, која рече дека се виновни затоа што заеднички на свиреп начин го лишиле од живот Саздовски.

МАКЕДОНИЈА - По изборите ќе се утврдува индивидуално одговорноста на секој поединечно во рамки на институциите што ги предводи, изјави скопскиот градоначалник и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов.

РУСИЈА / МАКЕДОНИЈА - Руското раководство и бизнисмените треба стратешки да размислат како понатаму да ги развиваат своите односи со Северна Македонија, бидејќи придобивките од ширењето на трговијата и односите со Северна Македонија можат да завршат кај НАТО, затоа што членките на Алијансата треба да придонесат со 2% од нивниот БДП во буџетот на НАТО, изјавил за агенцијата ТАСС, Владимир Оленченко, виш научен соработник во Националниот институт за истражување на светската економија и меѓународни односи Примаков на Руската академија на науките.

ШРИ ЛАНКА - Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите во Шри Ланка кои се случија на католички Велигден, а во кои загинаа повеќе од 300 луѓе.

КАЗАХСТАН - Казахстанската владејачка парија Нур Отан го номинираше привремениот претседател Касим Зомарт Токаев за кандидат за претседателските избори што ќе се одржат на 9 јуни.

СЕВЕРНА ИРСКА - Полицијата во Северна Ирска соопшти дека привеле 57-годишна жена за поврзаност со убиството на новинарката Лира Мекки за време на протестите минатата недела во Лондондери.

РУСИЈА - Официјалната свернокорејска новиснка агенција потврди дека рускиот пртеседател Владимир Путин го поканил Ким Џонг Ун иако не соопшти детали за датумот и местото на средбата меѓу двајцата лидери.