Трамп со велигденски зајак ја отвори трката со јајца во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ја отворил традиционалната годишна Велигденска трка со јајца во Белата куќа.

„Сакам на сите да им посакам среќен Велигден“, рекол Трамп во обраќањето од балконот на Белата куќа.

На балконот му се придружила и првата дама, Меланија Трамп, и маскота - бел велигденски зајак со очила, објавија светските новински агенции.