Нападите во Шри Ланка се изведени со помош на меѓународна мрежа

Фотографија снимена по еден од осумте напади во Шри Ланка

Самоубиствените напади на црквите и хотелите во Шри Ланка во кои загинаа 290 лица, а беа повредени околу 500, се изведени со помош на меѓународни мрежи, соопштија денеска властите. Владата како виновна ја посочи џихадистичката група Тохид Џамат, иако се уште никој не ја презеде одговорноста за нападите, јави Би-Би-Си.

„Имаше меѓународна мрежа без која овие напади не би успеале“, изјави портпаролот на Владата, Раџит Сенаратна.

Во соопштението од Владата се наведува дека претседателот Маитрипала Сирисена ќе бара меѓународна помош за пронаоѓање меѓународни врски со напаѓачите.