Француските бездомници на протест: Покрив за Нотр Дам, ама и за нас

Активисти за човекови права и членови на Здружението на француските бездомници се собрале денес на протест пред опожарената катедрала Нотр Дам во Париз, барајќи најсиромашните Французи да не бидат заборавени, откако биле собрани повеќе од милијарда евра доброволни прилози за обнова на катедралата, објави новинаската агенција АП.

Членовите на Здружението на француските бездомници носеле плакати со натписот "Милијарда за 24 часа" и извикувале пароли до милијардерот Бернар Арно, кој минатата недела донирал 200 милиони евра.

Тие до властите испратиле порака: "На Нотр Дам му е потребен покрив, ама и нам ни е потребен покрив".