Јанушев: Цврство веруваме во победа во вториот круг

Архивска фотографија- Прес конференција на Игор Јанушев

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска на прес конференција во седиштето на партијата оцени дека по вчерашните избори резултати се покажало дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката сила со најголема доверба меѓу граѓаните и дека политиките на власта доживуваат пораз.

“СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните, и тоа го потврдуваат бројките и фактите. Власта, особено СДСМ е делегитимирана. Народот не им верува”, рече Јанушев.

Тој нагласи дека Гордана Сиљановска Давкова бил изборот на граѓаните затоа што е “олицетворение на правдата, човек со кредибилитет и свој став”. Јанушев додаде и дека цврсто веруваат во победа во вториот круг на изборите и ги повика граѓаните да ги поддржат.