ДИК: Пендаровски 42,83 отсто, Силјановска-Давкова 42,25 и Река 10,58 отсто

Прес - конференција на Државната изборна комисија (ДИК) за претседателските избори

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 99,57 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,83 отсто, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,25 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени 10,58 отсто од гласовите. Изразено во гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 322,605 граѓани, за Силјановска-Давкова 318,247 , а за Река 79,725 граѓани. Неважечки се 32,703 ливчиња. Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесуваше 41,78 отсто или на гласање излегле 753,267 граѓани.