Во сообраќајна несреќа во Казахстан загинаа 11 лица

Илустрација

Најмалку 11 лица загинаа, а околу 30 се повредени во автобуска сообраќајна несреќа во јужниот дел на Казахстан, на пат што го користат мигрантите од Централна Азија за патување во Русија. Властите соопштија дека меѓу жртвите имало казахстански и узбекистански државјани.

Привремениот претседател Касим Тоакев изрази сочувство до семејствата на жртвите и информираше дека испратил телеграма до претседателот на Узбекистан. Токаев додаде дека ситуацијата на патиштата во Казахастан е алармантна и ја повикал Владата да преземе итни мерки.