Уапсени две лица по убиството на новинарка во Северна Ирска

Лира Мекки

Две лица се уапсени во врска со убиството на новинарката Лира Мекки немирите во Лондонери во Северна Ирска. Полицијата соопшти дека 18 и 19 годишните момчиња биле уапсени во Дери и согласно законите за антитероризам се онесени на сослушување во Белфаст.

Истражувачката 29 годишна новинарка Мекки беше застрелана додека известувала за немирите во кои демонстранти фрлале со молотови коктели, цигли и шишиња кон полицијата. Во последниот твит на Мекки на социјалната мрежа Твитер, судирот меѓу полицијата и демонстрантите го опишала како „тотално лудило“.