Референдум во Египет за уставни измени

Гласање на претседателските избори во Египет во 2014 година

Жителите на Египет гласаат на тридневниот референдум за уставни измени со кои ќе му се овозможи на претседателот Абдел Фатах ал Сиси да владее до 2030 година. Предложените уствани измени предвидуваат зголемување на неговиот сегашен мандат од 4 на 6 години и можност да се кандидира за уште еден мандат.

Со нив, според критичари, ќе се зголеми улогата на војската во политичкиот живот и ќе му се даде погола моќ на претседателот врз судството. Парламентот во кој мнозинството го имаат поддржувачите на Сиси на 16 април гласаа за усвојување на измените. Хјуман Рајтс Воч соопшти дека уставните измени имаат за цел да го зајакнат „авторитарното владеење“ на Сиси.