Ќе има Одлучен удар во Македонија...

МАКЕДОНИЈА - Најголема воена вежба именувана како Одлучен удар ќе се спроведе од 20 мај до 15 јули на територија на Македонија. Владата на последната седница донела одлука со која се одобрува спроведувањето на воената вежба на македонската армија заедно со припадници на Командата на УС ЕУРОКОМ.

МАКЕДОМИЈА - Ниту едно дете нема да биде примено во градинка и во училиште невакцинирано изјави министерот за здравство Венко Филипче по прогласувањето на епидемија од морбили на државно ниво. Тој посочи дека ваквата одлука е донесена според одлуки на Уставниот суд до 2014 и 2015 година.

ГРЦИЈА - Грција бара од Германија да ѝ исплати воени отштети за материјалните штети и кражби, репарации за жртвите и роднините на жртвите, отплата на окупаторскиот заем и враќање на украдените археолошки и црковни богатства за време на двете светски војни, е наведеново извештајот на Интерпарламентарниот комитет.

СРБИЈА / РУСИЈА - Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, на покана од шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, престојува во Русија. Тоа, како што се наведува, е во рамките на прославата на 140-годишнината од првата српска амбасада во Русија.

РУСИЈА - Група на руски воени ветерани тврдат дека новиот филм за советските воени трупи во Авганистан е непатриотски и треба да биде забранет. Режисерот на филмот Оставање на Авганистан, Павел Лунгин, тврди дека е чесен извештај за катастрофалниот конфликт и дека е различен од досегашните руски патриотски воени филмови.

ИНДОНЕЗИЈА - Граѓаните на Индонезија гласаа за нов претседател на државата и за нов пратенички состав. Право на глас во Индонезија имаат 190 милиони луѓе.

ФРАНЦИЈА - Светскиот гигант за продажба преку интернет, Амазон, соопшти дека пораснала продажбата на романот на францускиот писател Виктор Иго - Богородичната црква во Париз - по пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам.

УКРАИНА - Кандидатите за претседател на Украина Петро Порошнеко и Володимир Зеленски сепак се согласиле да се сретнат на дебата на Олимпискиот стадион во Киев на 19 април.