Граѓаните на Косово го губат трпението поради визите

Претседателот на Косово Хашим Тачи со претседателот на Европската комисија Доналд Туск

Претседателот на Косово Хашим Тачи оцени дека граѓаните на Косово почнале да го губат трпението чекајќи либерализација на визите и оти немањето јасна перспектива за интеграцијата на Западен Балкан создава простор за опасни антиевропски идеологии. Ова, како што е соопштено во Приштина, Тачи му го пренел на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Претходно во Брисел Тачи се сретна и со претседателот на Европската комисија Доналд Туск.