Тевдовски: Наскоро 420 милиони евра за проекти за Северна Македонија од Светска банка

Министерот за финансии Драган Тевдовски

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека бордот на директори на Светска банка набргу ќе ја усвои Рамката за партнерство 2019-2023 со која на Република Северна Македонија ѝ се ставаат на располагање 420 милиони долари наменети за проекти во областа на инфраструктурата, пододобрување на климата за стопанисување и инвестирање во човечкиот капитал.

„Ние очекуваме дека следниот месец, Светска банка на својот Борд ќе ја одобри стратегијата за соработка со нашата земја, со Северна Македонија за следниот период, каде што ќе бидат обезбедени 420 милиони долари со кои што ќе се финансира изградба на локални патишта, но и на различни начини ќе се вложува во подобрување на човечкиот капитал во нашата земја. Со тоа ќе се обезбеди подобрување на животниот стандард на граѓаните на Северна Македонија“, рече Тевдовски по средбата со директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка.