Лабуристите бараат Меј да ја спречи екстрадицијата на Асанж во САД

Британската Влада треба да се спротивстави на екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД, изјави лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија Џереми Корбин. Тој додаде дека „САД инсистираат да им биде испорачан Асанж бидејќи изнел докази за злосторствата извршени во Ирак и во Авганистан.

И министерката за внатрешни работи во владата во сенка Дајен Абот побара од британската премиерка Тереза Меј да ја блокира екстрадицијата на Асанж во САД на ист начин како што интервенираше во случајот со хакер Гари Мекинон во 2012 година.