Најмалку 56 убиени во борбите кај Триполи

таканаречената либијска Национална армија

Силите на либијската меѓународно призната влада продолжуваат да се борат со силите на таканаречената либијска Национална армија на Халифа Хафтар во близина на поранешниот аеродром во близина на главниот град Триполи. Светската здравствена организација соопшти дека досега биле убиени 56 лица, додека над 250 и биле ранети. Генералниот секретар на Обединиетите нации Антонио Гутереш повика на запирање на борбите за контрола на Трполи.