Чавков не смее да биде аболициран, донирал за кампањата на Иванов, тврди „Зелена лупа“

Митко Чавков

Претседателот на Здружението Зелена Лупа, Ване Цветанов, смета дека евентуалното амнестирање или аболицирање на Митко Чавков од страна на претседателот Ѓорге Иванов, само по себе е „директен конфликт на интереси“, што е спротивно на позитивните законски прописи во државата.

Овој став произлегува од информацијата на Зелена Лупа дека за потребите на изборната кампања во 2014 година, Чавков лично донирал финансиски средства за подршка на тогашниот претседателски кандидат Ѓорге Иванов.

„Митко Чавков како еден од донаторите во кампањата на Ѓорге Иванов не може и не смее да биде амнестиран или аболициран од страна на Претседателот на Република Северна Македонија“, вели Цветанов.