Седница на СБ на ОН за Либија

самопрогласената Либијска национална војска

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи состанок зад затворена врата за ситуацијата во Либија каде што се во тек судири во Триполи. Силите на самопрогласената Либијска национална војска на Халифа Хафтар во минатата недела покренаа офанзива врз Триполи, каде што е седиштето на меѓународно признатата влада која ја предводи Фајез ал Сараџ. Во Либија владее хаос по смената и убиството на долгогодишниот лидер Моамер Гадафи во 2011 година.