Бар: Извештајот на Мулер ќе биде објавен за седум дена

Американскиот министер за правда Вилијам Бар

Американскиот министер за правда Вилијам Бар, изјави дека планира да го објави долгоочекуваниот извештај на специјалниот известувач Роберт Мулер во следните седум дена, а кој се однесува на евентуалната вмешаност на Русија во претседателските избори во 2016 година.

"За седум дена, ќе можам да го објавам тој извештај, а потоа ќе разговарам со претседателите на двете правосудни комисии за извештајот и за сите други барања што ги имаат", рече Бар на сослушувањето во Конгресот.

Мулер му го предаде својот доверлив извештај на Бар на 22 март, по истрагата во која тој истражувал 22 месеци дали Доналд Трамп бил во контакт со Русија за време на неговата претседателска кампања и дали подоцна ја попречил истрагата.

На 24 март, Бар испрати писмо од четири страници до Конгресот на САД за да ги претстави главните резултати на Милер. Демократите побарале извештајот да биде објавен во интегрална форма за да ги разгледаат сите докази откако Бар во писмото заклучи дека истрагата на Милер не открила тајни договори со Русија.