Војската на Хафтар напредува кон Триполи, активирана и авијација

Офанзивата на генералот Калифа Хафтар во Либија станува сѐ пожестока откако викендов мисија на ОН, предводена од првиот човек на организацијата, Антонио Гутереш, не успеа да издејствува примирје меѓу двете спротивставени страни во оваа северно-африканска земја. Пешадијата на Хафтар напредува кон главниот град, Триполи, а според последните информации поддршка имаат и од либиската авијација.

Властите од истокот функционираат независно од Триполи и соработуваат со Либиската национална армија која со години војува со разни милитантни групи. ОН предлагаат во текот на оваа пролет да се одржат општи избори во земјата, чии резултати би требало да доведат до формирање на легитимни и општопризнаени органи на власта.