САД бараат запирање на офанзивата на либијскиот командант

борби кај Триполи, Либија

Соединетите држави изразија „длабока загриженост“ за борбите во близина на либијскиот главен град Триполи и бараат „итно запирање“ на офанзивата предводена од самопрогласената Либијска национална армија на командантот Калифа Хафтар. Според последните информации, во борбите со владините сили во јужниот дел на Триполи загинале дестици луѓе. Русија е клучниот поддржувач на Хафтар.