Хан очекува дијалогот меѓу Белград и Приштина да излезе од ќор сокак

Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан очекува дијалогот меѓу Белград и Приштина да излезе од ќор-сокак и да резултира со договор, кој, според него, ќе биде дефиниран на стотици страни.

„Постои застој во дијалогот меѓу Белград и Приштина и се надевам дека наскоро ќе можеме да го надминеме ова. Решението за ова прашање и целта на правно- обврзувачкиот договор е основен предуслов и за многу регионални проекти кои бараат појасни идни односи“, изјави Хан.

За време на дебатата за „Иднината политиката на ЕУ за проширување” во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Хан потврди дека ЕУ нема да ги прими во ЕУ земјите со отворени билатерални прашања.