Ципрас пристигна на Meѓународниот Аеродром Скопје

Ципрас на скопскиот аеродром

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава пристигна на скопскиот ародром каде беше пречекан од владина делегација предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Премиерот Зоран Заев свечено ќе го пречека Алексис Ципрас, пред владината зграда.

На средбата во Скопје со премиерот Зоран Заев се очекува да стане збор за многу прашања поврзани со продлабочувањето на соработката меѓу двете соседни земји.

Разговорите меѓу двајцата премиери ќе бидат проследени со средба на Советот за соработка меѓу Грција и Северна Македонија по што ќе следи заедничка прес-конференција. Ципрас, исто така, треба да се состане со претседателот на парламентот на Северна Македонија, Талат Џафери.

Во попладневните часови, Ципрас и Заев ќе присуствуваат на бизнис-форум.